Како дел од активностите на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ во периодот од 15 до 19  февруари 2016 година, партнер организациите ИМКА и СФЕРА од Битола, Волонтерски центар, АЛДА и Младиинфо од Скопје, ИНФО СЕГА и АЦЕ од Кавадарци, ОЖО од Свети Николе и ИНФО СЕГА и Младински Совет од Прилеподржаасерија на состаноцисо ученици од средните училишта низ Македонија.

Состаноците со младите се одржуваа со цел да се соберат информации за младинските потреби за информирање во средношколските заедници, односно кои информации им се достапни и до каков тип на информации сакаат да имаат повеќе пристап. На состаноците се разговараше кои од информациите би им биле подостапни, како и за тоа кои извори за информирање ги користеле до сега, каква поддршка добиваат за информирање од страна на училишните служби, локалните власти или други организации.

Воедно, младите имаа можност и подетално да се запознаат со работата на невладините организации и младинските информативни центри, кои можности ги нудат тие за младите и кој е нивниот бенефит од активностите што се спроведуваат.                       

Овие настани ги оценуваме како позитивни и ефективни, и сметаме дека основната идеја да се покрене свеста за потребата од објективно младинско информирање, успешно почнуваме да ја реализираме.

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, а во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации.

 

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter