Младински Центар за подршка на креативноста и активното општество на младите, каде што се развива потенцијалот на младите. Креактив е секојднено отворен центар за млади од 13 до 25 години, отворен 2009 во Кавадарци и служи како бесплатен сервис за надоградување и усовршување на постоечките вештини и здобивање на нови, преку употреба на неформална едукација од страна на вработените младински работници и меѓународните и домашните волонтери.

Младинскиот Центар Креактив постојано е во допир со младите и преку неформална едукација им нуди разновидни можности за нивно слободно изразување, се со цел да ги поттикне и мотивира за нивно активно учество во секојдневиот социјален и општествен живот, да ја поттикне свеста во различни области, да им даде можност за нови искуства и развој на способностите, да го промовира мирот и толеранцијата и волонтерството и да го развива меѓусебното разбирање меѓу младите. 

Своите цели, младинскиот центар ги реализира преку работата на различни проекти, локални, национални и меѓународни. Во рамките на локалните проекти, центарот организира различни активности во вид на работилници и јавни настани,соработка со локални основни и средни училишта како и со различни институции. Меѓународна работа на Креактив вклучува младински размени, тренинг курсеви, едукативни посети и семинари, организирани во Македонија и во другите земји, главно во рамките на Програмата Млади во Акција на Европската комисија. КРЕАКТИВ исто така, испраќа и е домаќин на волонтери преку Европскиот Волонтерски Сервис. 

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter