Целта на обуката беше младинските лидери од Македонија, Франција и Германија да се стекнат со вештини и знаења за интернационална младинска работа и заедно да планираат активности и програми кои ќе се спроведат во наредните младински размени во Франција и Германија во 2019 година и во Македонија во 2020 година.

Младинските лидери имаа можност да подготват модул за работилница и да организираат работилница во училиште во Рудолштат, каде што со учениците спроведоа активности со цел запознавање на Европа и европските земји и со традициите, културите и јазиците во овие земји.

Оваа обука е дел од проектот C.O.D.E aBc , долгорочен проект (2019/2020) во кој се вклучени Коалиција на младински организации СЕГА, Landesjugendwerk der AWO Thüringen - Германија и Maison Pour Tous Leo Lagrange - Франција.

Во проектот Courage to Open Doors of Europe C.O.D.E aBc се вклучени млади од 14 до 18 години и младински лидери до 30 години , кои преку младински размени ќе се запознаат со млади од други држави, нивните култури, традиции и јазик, ќе истражуваат нови места и заедно ќе работат на теми: Интеркултурно учење, Недискриминација, Интеркултурна комуникација, Предрасуди и стереотипи, Детски и човекови права и слично.

На младинската размена, младите ќе се стекнат и со вештини и знаења да организираат настани на локално, национално и меѓународно ниво.

Фотографиите од размената можете да ги погледнете на следниот линк.

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter