На настанот присуствуваа сите партнери вклучени во проектот од Европската Унија и Западен Балкан, со цел координирање за успешно имплементирање на активностите и остварување на резултатите од проектот. Партнерите на овој тридневен состанок се запознаа едни со други, се вклучија во вежби за градење тим, дискутираа за методологии и ангажирање на заедницата на локално, регионално, национално и меѓународно ниво, со цел максимално влијание на проектот.

Проектот
IMPACT – Inclusion Matters! using Performing Arts towards Cohesion and Tolerance е со цел да се поттикне социјалното вклучување преку развивање на уметнички стратегии, техники иметодологии кои се насочени кон бегалци и граѓани на локално ниво.

Овој проект ќе придонесе за поттикнување на социјалната инклузија преку промовирање на активно учество, кохезија, толеранција и почитување на човековите права.

Проектот IMPACT е имплементиран од VIFIN - Центар за интеграција во соработка со АЛДА, Коалиција на младински организации СЕГА,  La Piccionaia - Центар за театарска продукција, ЛДА Црна Гора, ЛДА Мостар, Здружение за развој на волонтерска работа Ново Место (DRPDNM) и Центар за урбан развој поддржан од програмата Еразмус + на Европската унија.

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter