Говорници на конференцијата беа Г-дин Томе Христоски - Градоначаникот на Општина Крушево, Зоран Илиески – Претседател на Младински Совет Прилеп, г-ѓа Мариче Тренеска – координатор на проектот, г-дин Сотир Габелоски – Лице одговорно за односи со јавност и НВО од општина Крушево и г-дин. Сотир Маја – член на Локален Младински Совет од Крушево.

Овој настан е дел од проектот Креирање на Локална Младинска стратегија во општина Крушево кој го спроведува проектот Младински Совет Прилеподмарт 2018 година, во соработка со Општина Крушево и Советот на млади во општина Крушево. Проектот е имплементиран во рамките на проектот: "Граѓанските организации во служба на локалната демократија" спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската Унија преку ИПА 2 инструментот.

Во периодот од март 2018 година до октомври 2018 година, Младински Совет Прилеп одржа серија на активности со цел мапирање на потребите и проблемите на младите во Општина Крушево, активности за воспоставување структура за подготовка на локална младинска стратегија, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија. Целта на овие активности беше креирање на Локална младинска стратегија (ЛМС) на Општина Крушево, а спроведувањето на стратегијата ќе придонесе кон подобрување на генералната состојба на младите преку зголемено активно учество во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница. Како резултат од овој проект се креира Локална Младинска стратегија во Општина Крушево, која беше и воедно усвоена од Советот на општина Крушево, и истата ќе биде биде презентирана на Конференцијата.

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter