Локалната Младинска стратегија е со времетраење од пет години 2019 – 2023 во која се лоцирани клучните приоритети за младите луѓе во Општина Крушево и се нудат одреден број на остварливи решенија. Преку оваа стратегија ќе се вложува во процесот да  се изградат и зајакнат односите меѓу Општина Крушево со младите и младинските организации.

 

 

 

Во периодот од март 2018 година до октомври 2018 година, Младински Совет Прилеп одржа серија на активности со цел мапирање на потребите и проблемите на младите во Општина Крушево, активности за воспоставување структура за подготовка на локална младинска стратегија, како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија. Целта на овие активности беше креирање на Локална младинска стратегија (ЛМС) на Општина Крушево, а спроведувањето на стратегијата ќе придонесе кон подобрување на генералната состојба на младите преку зголемено активно учество во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.

Благодарност до Локалниот Младински Совет од Крушево, Општина Крушево и членовите на работната група која неуморно ги вложи сите сили за да го приложиме до носителите на одлуки најдоброто од нас. Најголема благодарност до Советот на Општина Крушево кој денес ја усвои стратегијата и двегодишниот акционен план!

 

Проектот “Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево” е имплементиран во рамките на проектот: “Граѓанските организации во служба на локалната демократија” спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската Унија преку ИПА 2 инструментот.

 

 

 

 

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter