Оваа година „Денот на океаните" помина во знакот на заштитата на океаните од пластика и креирање решенија за заштита на истите. Компанијата WIK акцијата ја спроведе под мотото: "A team that creates values: for society, for our customers, for future generations, for our planet, for consumers, for our employees...for the Oceans".

Обуката ја спроведуваа двајца претставници на Коалиција СЕГА, кои со помош на интерактивни игри, комуникација, работа во групи, презентации и документарни видеа им пренесоа значајни информации поврзани со заштитата на водата, рационално користење на водата, менаџирањето со отпадот и рециклирањето на отпадот кој е штетен за водите, а воедно за луѓето и целокупната животна средина. После едукативниот дел, настанот продолжи во натпреварувачки дух со чистење на брегот на Црна Река, собирање и селектирање на отпадот во три групи: метал, пластика и хартија.

Коалиција СЕГА се надева на понатамошна успешна соработа со Компанијата WIK и понатаму ќе биде дел и ќе спроведува проекти за заштита на животната средина, вклучувајќи ги и младите.

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter