Фондацијата „Жена за жена“ (The Kvinna till Kvinna Foundation) од Шведска и Организација на жените на општина Свети Николе, од  02 април 2018 - 31 март 2020 година, започнаа со имплементација на проектот:  “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ кој ќе се имплементира во Вардарскиот плански регион и ги опфаќа општините: Свети Николе, Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Главна цел на проектот да се креираат поволни услови за имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и да се овозможи успешно интегрирање на родовиот аспект на ниво на локални политики.

Во рамките на проектот веднаш по промотивниот настан ќе има отворен повик за регрантирање во траење од 15 месеци, а се однесува на граѓански организации од Вардарски плански регион кои работат со целна група жени.

Проектот финансиски е поддржан од Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права (EIDHR), преку Делегацијата на Европската Унија.

Вашето присуство на настанот може да го потврдите на следнaта е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

За дополнителни прашања, слободно може да ја контактирате Јасмина Трајчева на следниот контакт телефон: 078/305-814.

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter