Програмата има за цел да ги зајакне младите луѓе од Струга и Југозападниот регион во Македонија со тоа што ќе им обезбеди можности кои би им гопромениле животот.

 

Програмата обезбедува можности за меѓународни искуства и волонтерство. Секојагодина, локалните млади луѓе имаат многу можности да бидат домаќини или да учествуваат на младински размени и обуки низ Европа. Тие развиваат нови пријателства, учат за културите и обичаите на други земји на ЕУ преку програмата „Млади во акција“. Преку прекуграничната програма со Албанија и Грција, ЛАР им помага на младите луѓе од Балканот да се запознаат едни со други и да работат заедно на развојот на добро соседските односи и заедничките проекти.

 

Зближување на младите во мултикултурно и демократско општество. Со организирање кампови за градење капацитети за млади луѓе на возраст од 12 – 30 ЛАР обезбедува можности кои инспирираат и поддржуваат лидерство. Организира кампови, на кои младите луѓе можат да ја зголемат нивната самодоверба, да развијат критичко размислување, да ја изострат способноста за решавање на проблеми и да научат за партиципативната демократија. Со програмата за младите ЛАР ги подобрува професионалните и животни вештини на младите.Тие учат да соработуваат со различни етнички групи и да станат активни граѓани кои се во можност да развијат и да учествуваат во проекти кои би и помогнале на заедницата.

Охрабрување на креативноста и оригиналноста. Организација и поддршка на настани поврзани со музика и визуелни уметности. Преку организирање на фестивали, изложби на фотографии и музички концерти, ЛАР ги охрабрува младите луѓе да се изразат креативно, користејќи ги уметничките дисциплини. Се со цел младите да ја изградат својата самодоверба, да ги подобрат своите комуникациски вештини и да се обезбедат позитивни искуства за учење во безбедна и поддржувачка животна средина.

 

Повеќе информации за програмата ќе најдете на следниов линк:

 

 http://www.ldastruga.org/makedonski/unesco.aspx

Младински Центар за подршка на креативноста и активното општество на младите, каде што се развива потенцијалот на младите. Креактив е секојднено отворен центар за млади од 13 до 25 години, отворен 2009 во Кавадарци и служи како бесплатен сервис за надоградување и усовршување на постоечките вештини и здобивање на нови, преку употреба на неформална едукација од страна на вработените младински работници и меѓународните и домашните волонтери.

Младинскиот Центар Креактив постојано е во допир со младите и преку неформална едукација им нуди разновидни можности за нивно слободно изразување, се со цел да ги поттикне и мотивира за нивно активно учество во секојдневиот социјален и општествен живот, да ја поттикне свеста во различни области, да им даде можност за нови искуства и развој на способностите, да го промовира мирот и толеранцијата и волонтерството и да го развива меѓусебното разбирање меѓу младите. 

Своите цели, младинскиот центар ги реализира преку работата на различни проекти, локални, национални и меѓународни. Во рамките на локалните проекти, центарот организира различни активности во вид на работилници и јавни настани,соработка со локални основни и средни училишта како и со различни институции. Меѓународна работа на Креактив вклучува младински размени, тренинг курсеви, едукативни посети и семинари, организирани во Македонија и во другите земји, главно во рамките на Програмата Млади во Акција на Европската комисија. КРЕАКТИВ исто така, испраќа и е домаќин на волонтери преку Европскиот Волонтерски Сервис. 

Група од подмладокот на невладината граѓанска организација ,,Центар за одржлив развој на заедницата“ од градот Дебар  предводени  од младинските лидери од организацијата  во состав на  програмата ,,Европа за млади“  подржан од Европската Комисија  во месец октомври 2013 реализираше посета  на младите од градот ИФС од Долна Нормандија – Франција.

 

Целта на посетата беше младите од Дебар преку заедничко дружење со врсниците од Франција поблиску да се запознаваат со знаменитостите, културните обичаи, природните богатства од регионот на Долна Нормандија и да разменуваат искуства од областа на младинското делување во местата каде што живеат со цел да се подобри животот на младите во овие две далечни животни средини и да ги збогатат нивните знаења кој ќе им требаат за успешна афирмација во заедницата во која тие се носители на процесите на иднината. 

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter