Во тек е единаесеттата интеркултурна размена во Детското Село Песталоци - Троген, Швајцарија, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

Досега на интеркултурна размена во Троген учествуваа 400 деца од 20 училишта од Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Тетово, Куманово, Штип и Кавадарци. На оваа размена, која ќе трае до 26 јануари 2016 година, учествуваат 24 деца од училиштето СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола и 16 деца од училиштето СОУ„Д-р Ибрахим Темо“ - Струга, заедно со 5 супервизори и 1 координатор.

За време на размената преку интензивна и интерактивна обука учесниците имаат можност да ги надоградат своите знаења првенствено во областа на антидискриминација, но и детски права и интеркултурна комуникација. Групата од Македонија има можност да разменува искуства со врсници од Белорусија.

Покрај секојдневните интерактивни активности, учениците  имаат можност да посетат и повеќе знаменитости од преубавата Швајцарија.Овој викенд го посетија Цирих и Водопадите на реката Рајна и природно-научниот музеј, а наредниот викенд се во посета на Луцерн и планината Сантис.

Здружението за развој и активно делување на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ има чест да Ве покани на третата од серијата јавни трибини и дебати во рамките на проектот "Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина" организирана во соработка со OXO од Скопје. 

 

Дебатата е дел од иницијативата за одржлив развој Битола 2025 и ќе се одржи во петок, 26 јуни 2015 година во хотел Театар, Битола со почеток во 12:00 часот. 

 

Проектот "Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина" вклучува низа активности низ Битола и Пелагонискиот регион во период од 18 месеци и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

 

 

 Во периодот од 11 – 18 мај 2015 година, претставници од здружението Форум на млади Битола учествуваа на студиска посета во Кршко, Словенија. Во рамките на размената беа посетени повеќе институции како младински центри, индустриски капацитети и национални знаменитости во околината. Оваа размена се реализираше во рамките на Еразмус + програмата во организација на младинскиот центар од Кршко, Словенија.

Здружението за развој и активно делување на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ  во рамките на проектот "Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина" организира трибина на тема „Колку чини животот? Економска проценка на ефектите по човековото здравје и живот од македонските термоелектрани“. Трибината се организира во соработка со Еко-свест и Реактор на 03 март 2015 година во хотел Театар, Битола со почеток во 12:00 часот. 

Проектот  "Граѓанска вклученост за решавање на проблемите во животната средина" вклучува низа активности низ Битола и Пелагонискиот регион во период од 18 месеци и е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија.


Учениците од СУГС „Кочо Рацин“ повторно во акција, уште едно добро дело кое ја опишува големината на човекот и кое докажува дека хуманоста не е моментален тренд, туку постојана потреба.

За таа цел, учениците  организираа акција за помош на граѓаните во поплавените подрачја од источните делови на Македонија, а истата се состоеше од собирање на парични сретства, кои беа уплатени на отворените жиро сметки. 

Учениците велат, „Подавањето рака е едно од најскапоцените нешта, не чини многу, но секогаш е добредојдено!“

 

 

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter