Над 24 илјади Македонци ја напуштиле земјата во 2015 та и заминале во потрага за подобар живот во Германија покажуваат анализите на Дојче Веле повикувајќи се на германски извори.

Read more: РАСТЕ БРОЈОТ НА ГРАЃАНИ КОИ СЕ ИСЕЛУВААТ ОД ЗЕМЈАТА

Language coffee е интересен интеркултурен настан кој ни овозможува размена со разлучни луѓе од разни култури кои што се заинтересирани да научат за странски култури и јазици.

Read more: Language Coffee

На 13 август 2015 година, Јоан Шумахер се упати кон Македонија да го започне своето едногодишно волонтирање во рамките на Европскиот волонтерски сервис. По неговото враќање, ова дваесетгодишно момче од Ла Ферте-Масе одлучи да го сподели неговото искуство.

„Кога заминав пред една година, имав на ум две идеи за мојата професионална кариера: да бидам дел од образовниот систем или да работам како графички и аудиовизуелен дизајнер. Мојата желба беше да ги поврзам двете сфери во рамките на мојот престој во Македонија“, ни се довери Јоан, роден во Оне-сир-Одон, но израснат во Ла Ферте.

Read more: ВОЛОНТИРАЊЕ ПРЕКУ ЕВРОПСКИОТ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС ВО МАКЕДОНИЈА. „КЛУЧНА ГОДИНА“ ОД ЖИВОТОТ НА ЈОАН...

Како дел од активностите на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ во периодот од 15 до 19  февруари 2016 година, партнер организациите ИМКА и СФЕРА од Битола, Волонтерски центар, АЛДА и Младиинфо од Скопје, ИНФО СЕГА и АЦЕ од Кавадарци, ОЖО од Свети Николе и ИНФО СЕГА и Младински Совет од Прилеподржаасерија на состаноцисо ученици од средните училишта низ Македонија.

Состаноците со младите се одржуваа со цел да се соберат информации за младинските потреби за информирање во средношколските заедници, односно кои информации им се достапни и до каков тип на информации сакаат да имаат повеќе пристап. На состаноците се разговараше кои од информациите би им биле подостапни, како и за тоа кои извори за информирање ги користеле до сега, каква поддршка добиваат за информирање од страна на училишните служби, локалните власти или други организации.

Воедно, младите имаа можност и подетално да се запознаат со работата на невладините организации и младинските информативни центри, кои можности ги нудат тие за младите и кој е нивниот бенефит од активностите што се спроведуваат.                       

Овие настани ги оценуваме како позитивни и ефективни, и сметаме дека основната идеја да се покрене свеста за потребата од објективно младинско информирање, успешно почнуваме да ја реализираме.

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, а во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации.

 

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

  

Подобрување на вработливоста на младите луѓе и побрза транзиција од образование кон пазарот на трудот е основна цел на двонеделната посета на 4 Европски земји од страна за 16 млади, штотуку завршени среднисти, од Економското училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Прилеп.

Во наредниот период 16 млади од Прилеп ќе имаат можност да учат и се стекнат со практична работа на работно место во Грција, Хрватска, Португалија и Англија. За време на практичната настава учесниците ќе ги развијат своите вештини во полето на Маркетинг менаџмент, Сметководство преку методи кои што се користат во неформалното учење и практична работа во Центри за стручно образование и Бизнис компании во Европските држави.

Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи.

Миле Димковски – проектен координатор во Младински Совет: “Преку овој проектот ќе влијаеме на младите луѓе уште повеќе да станат свесни за потребата од стекнување на практични искуства и стекнување на вештини кои побрзо ќе ги донесат до пазарот на трудот. Со практичната работа во избраните Европски центри за стручно образование и бизнис компании овие млади ќе ги надградат своите способности и знаења за професионален и кариерен развој.“

За време на престојот во Европските држави покрај практичната работа младите ќе имаат можност да се запознаат со нивни врсници но и културата и знаменитостите на државите преку викенд екскурзии. „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ е мултилатерален проект изработен со учество на 4 партнери, поддржан од ЕУ програмата Еразмус + и Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter