На 06 декември, 2018 година, се одржа Настан за Промоција на Локалната Младинска Стратегија во кафе пицерија Скар, во Крушево. На настанот присуствуваа Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, преставници на Локалната самоуправа од Крушево, преставници на Локалниот Совет на млади, млади и граѓани на општина Крушево. Програмата на настанот генерално опфати презентација на документот Локална Младинска Стратегија, клучните приоритети за младите и идните активности кои треба да се превземат. Локалната Младинска стратегија (2019 – 2023) беше официјално усвоена од Советот на Општина Крушево на 31.10.2018 година.

Read more: Младински Совет Прилеп одржа конференција во Крушево за Промоција на Локалната Младинска стратегија

На 31.10.2018 година, Советот на општина Крушево ја усвои Локалната младинска стратегија на Општина Крушево. Локалната младинска стратегија е резултат на проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево” кој го спроведува Младински Совет Прилеп во соработка со Локалниот Младински Совет во Крушево и општина Крушево.

Read more: Усвоена Локалната младинска стратегија на Општина Крушево!

На 5ти септември 2018 година, во хотел Континентал, Скопје, Коалиција СЕГА организира Национална работилница за мерки за Интеграција на НЕЕТ групата на млади. Учесници на работилницата беа претставници, донесувачи на одлуки, од релевантни институции кои се засегнати со  овој проблем и кои се клучни во креирањето и спроведувањето на мерките за интеграција и превенција на НЕЕТ групата на млади.

Read more: Институциите дадоа препораки за соодветни мерки за подобра интеграција и превенција на NEEТ...

На 03.09.2018 година во просториите на подрачното основно училиште „Манчу Матак“, с. Крушеани о. Кривогаштани Коалиција СЕГА во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер ја одржа и третата Локална дискусија со млади.

Read more: Младите луѓе во с. Крушеани воопшто не се вклучени во процесите на донесување на одлуки

На 27.08.2018 година во просториите на пензионерскиот клуб во о. Кривогаштани се одржа втората Локална дискусија со млади во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер.

Read more: На младите од Кривогаштани им е потребен заеднички простор каде ќе функционираат заедно

Младински Организации

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter