Датум:22-30.09.2019 година.

Проектот е фокусиран на деветдневен тренинг курс (вклучувајќи ги и деновите за патување) на кризата со бегалците, којашто е главно  забележана во земјите од Европската Унија во последните неколку години. Овој тренинг курс ќе даде можност на 27 луѓе од 8 различни европски земји да бидат едуцирани, да ги споделат своите знаења и да ја обработуваат темата на бегалската криза којашто е екстремно значајна во денешницата.

Учесниците треба:

-          да имаат над 18 години;

-          да се од Македонија;

-          добро зборуваат англиски јазик.

Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според Еразмус+ регулациите (275 евра за Македонија). Сместувањето и храната ќе бидат обезбедени.

За повеќе детали погледнете го Инфо пакетот!

Испрати мотивациско писмо одговарајќи ги следниве прашања: Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како сакаш да придонесеш кон овој проект? и CV (на англиски јазик) на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Краен рок за аплицирање: 21 август 2019 година.

 

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter