Иако имаат завршено студии, сепак, треба да се стекнат со знаења и вештини кои се потребни за да бидат активно вклучени на пазарот на трудот.

Младите луѓе добиваат многу теоретски знаења преку формалното образование, но им недостасуваат практични вештини, особено на младите кои ќе се пријават за прва работа по формалното образование и млади луѓе со помалку можности за кои е уште потешко да се вклучат во пазарот на трудот и да започнат да бараат работа. Покрај сето ова формално знаење, наидовме на проблем: младите не знаат да аплицираат за работа, не знаат како да се претстават пред идните работодавци, како да ги проценат своите клучни компетенции и да напишат CV и мотивационо писмо.

Поради овој недостаток, сакаме да го организираме проектот на кој младите луѓе од нашите општества ќе учат едни од други и со размена на своите идеи и искуство да научат како да пишуваат CV, како да пишуваат мотивационо писмо, како да комуницираат со потенцијални работодавци, како да аплицираат за работни места, како да се однесуваат за време на интервју за работа, но исто така и како да користат некои од можностите за финансирање што младите можат да ги користат денес за да започнат свој бизнис.

Целите на овој проект се:

-          Охрабрување на младите луѓе и зајакнување на своите клучни компетенции за да можат активно да се вклучат во пазарот на трудот, како и да ги пренесат стекнатото знаење, вештини и став на другите млади од своето општество и околината;

-          Интеркултурен дијалог и размена на примери на добри практики;

-          Зголемување на професионалниот развој на младите на повисоко ниво и развој на самодоверба кај младите кои ја бараат својата прва работа, особено младите со помалку можности;

-          Запознавање на младите луѓе со пазарот на трудот и начините на кои можат да се претстават пред потенцијалните работодавци, не само теоретски, туку и преку конкретни практични примери и симулации кои ќе им овозможат да ги развијат своите вештини и ставови на најдобар можен начин;

-          Поврзување на секторот невладини организации со јавни институции и со приватни компании со цел промовирање на меѓусекторска соработка;

-          Зголемување на употребата на алатки за препознавање на неформалното образование, како што е YouthPass, како и алатки што се користат во целиот свет, како што е Europass CV;

-          Давање можност на младите луѓе да создадат идни меѓународни проекти во рамките на програмата Еразмус+ со цел промовирање на европската мобилност и подвижност на учење.

Датум: 15-23 октомври 2019 година.

Учесници: 5+1

Место: Ѓаково, Хрватска

За повеќе информации и апликација за аплицирање контактирајте на и-меил This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со наслов: Application – Road To Employment“.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter