Тоа е под влијание на нашите искуства и зависи од тоа дали живееме во земја-членка или кандидат, дали сме во Шенген зоната или не, до каде е процесот на интеграција во нашата земја, што лично очекуваме од ЕУ, итн. Една работа е сигурна - сите искуства се сосема слични кога станува збор за демократските процедури во ЕУ. Ова е благодарение на сите правила, регулативи, закони и политики што ги има.

Дали сакате да дознаете повеќе за изборите во ЕУ? Дали сте заинтересирани за главните политики презентирани во нив? Дали сакате да знаете како да влијаете врз изборот на претставници во политичките тела на ЕУ?

Ве носиме на патување во Белград, Србија на „Избери ЕУ“ каде што ќе можете да најдете одговори за сите прашања поврзани со демократските процеси на ЕУ, како и изборите во ЕУ. Преку разни работилници и симулации, заедно со повеќе од 300 млади луѓе од БиХ, Македонија, Србија и Словенија ќе можете да зборувате за значењето на политиките на ЕУ, за животот на младите и важноста на учеството на младите во изборните процеси.

Започнете патување и бидете дел од ова уникатно искуство за Европската унија. Апликацијата може да ја најдете на следниот линк.

Преку ова ќе се добие вклучување на граѓаните на локално ниво во дебатите на изборите во ЕУ и давање им чувство за придобивки од тоа да биде граѓанин на ЕУ.

Профил на учесници:

Ако сте:

-        активни во локална, национална, меѓународна младинска или некоја друга организација, или студенти заинтересирани за размена и учење за ЕУ

-        лице кое доаѓа од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија или Србија

-        на возраст помеѓу 15-30 години

-        мотивирани да ги искористиме вашите идеи и креативност во интерактивна и динамична средина

Вие сте вистинската личност за нас.

Патување и сместување:

Патувањето ќе биде обезбедено за сите учесници од страна на организаторите.

Сите трошоци за вашиот транспорт, сместување и оброци ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Како да аплицирате?

Секој апликант треба да ја пополни формуларот за апликација кој може да се најде во рамките на овој повик.

Ве молиме испратете ги вашите пријави на следната е-пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Краен рок за аплицирање: 29.04.2019 година.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter