Во однос на категориите кои беа испитувани преку Индексот за младински развој, најниски вредности се идентификувани кај вработување, образование и граѓанско учество. Дополнително, Индексот дава и насоки во кои области е потребно да се интервенира и кои приоритетни аспекти би требало  да се покријат.

Зоран Илиески, тим лидер на проектот од Коалиција на младински организации СЕГА изјави: „Оваа алатка е прва од ваков тип кај нас во Македонија и истата го бележи напредокот на граѓанското учество на регионално ниво. Индексот претставува ресурс со кој граѓанските организации како и локалните чинители ќе користат релевантни мерливи податоци за да ги адресираат актуелните потреби на младите во образованието, здравството, вработувањето, како и граѓанското и политичкото учество“.

На настанот свои обраќања имаа и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, Раководителот на Сектортот за анализа на политиките и координација во Генералниот Секретаријат на Владата на РМ, Сузана Никодијевиќ-Филиповска, директорката на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Ана Дракиќ и Александар Цеков, надворешен консултант, истражувач во Центарот за истражување и креирање политики.

Овде можете да го превземете првиот извештај од Индексот за Младински Развој Македонија.

Индексот за младински развој во Македонија е подготвен како дел од проектот на Коалицијата на младински организации СЕГА „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“ чија цел е да се зголеми влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, со што ќе се придонесе кон подобрување на статусот и добросостојбата на младите луѓе во државата.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter