На конференцијата присуствуваа учесници од локалните институции од Риека, претставници од Младинските информативни центри и мултипликатори од Македонија и Полска со цел да ги споделат резултатите од проектот.

На свеченото отворање на конференцијата, директорот на УМКИ, г-дин Зоран Стефановиќодржа говор за проектот, активностите и резултатите.

- Претставникот на Младински Совет Прилеп, г.а Лела Јурукова говореше на конференцијата за Практични алатки за младинските информативни центри кои работат со НЕЕТ". Таа ги презентираше резултатите од проектите и ги промовираше алатките корисни за младинските работници.

- Исто така, г-дин Камил Станос, претставник од Општина Стараковице од Полска, говореше на темата„Модели за младинскоинформирање за млади во НЕЕТ ситуација“.

- Г-ѓа Марта Берчиќ, вклучена како експерт во проектот ги презентираше Јавнните политика за млади во Хрватска.

Проектот е финансиран и поддржан од Националната агенција за образовни програми и мобилност во Република Македонија преку програмата Еразмус + и се имплементира во периодот од 1 јули 2017 до 31 декември 2018 година. Проектот е имплементиран од КоалицијаСЕГА во партнерство со УМКИ, Хрватска и ЕПИ од Полска.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter