РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати можат да се пријават пред периодот предвиден за упис, почнувајќи од 6 мај 2019 год. до 14 семтември 2019 год. Кандидатите кои ќе се пријават пред полагањето државна матура, го задржуваат правото да студираат на програмата за која се пријавиле, имајќи предвид дека студиските програми се конкурентни и не можат да се запишат поголем број кандидати од бројот предвиден во Конкурсот за упис.

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗА УПИС

Сите кандидати кои аплицираат во академската 2019/2020 година е потребно да ја достават следнава документација:

1. Пополнет формулар (преку официјалната веб-страница на Универзитетот :https://apply.seeu.edu.mk/);

2. Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра);

3. Лична биографија/мотивационо писмо кое би содржело најмалку 500 зборови и во кое треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.

4. Свидетелства во оригинал или заверени копии на нотар од сите години (ако завршеното средно образование е според моделот 9+3, кандидатите треба да достават и свидетелство за завршено 9-то одделение).

5. Диплома во оригинал или заверена копија на нотар за завршено средно образование со резултатите од државната матура.

6. Извод од матична книга на родени.

7. Фотокопија од лична карта или од пасош.

Повеќе информации за студиските програми и за условите и критериумите за запишување можете да прочитате на следниот линк.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter