Првите два конкурси Бибер беа на тема помирување, а овој пат темата е проширена. Покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството по војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, превид доаѓаат и раскази кои може да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, кои ја разградуваат сликата за непријателите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во непријателски чевли, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Авторите на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди:

I награда - 800 евра;

II награда - 600 евра;

III награда - 400 евра.

Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник.

Одлуката на жирито ќе биде објавена до крајот на октомври 2019 година.

Конкурсот го организира тимот на Бибер со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево - Белград.Со овој конкурс, исто така, сакаме да придонесеме кон културата на преведување и објавување на автори од нашето најблиско соседство и да ги поддржиме ангажираните автори да продолжат да влијаат врз општествените промени.

Формуларот за пријавување, како и правилата и условите за учество на Конкурсот можете да ги пронајдете на следниот линк.

Краен рок за пријавување: 10 јуни 2019 година.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter