На повикот можат да се пријават:

I. Млади лица кои се дел од тимот кој ќе учествува на меѓународни натпревари по завршени селекциони натпревари, кој се учесници на државните натпревари организирани од страна на лиценцирани Здруженија на наставници од страна на Министерство за образование и наука, со доставување на следната документација:

1.    копија од лична карта/пасош (исправа за лична идентификација)

2.    извештај од одржаниот државен натпревар

3.    извештај од одржаниот селекционен натпревар и рангирање на учениците за учество на меѓународен натпревар

4.    Копија од Решение за акредитација на Здружението на наставници за организирање на државни натпревари, издадено од Министерство за образование и наука и

II. Млади лица кои имаат освоено прво, второ или трето место на организирани меѓународни натпревари со доставување на следната документација:

1.    копија од лична карта/пасош (исправа за лична идентификација)

2.    диплома/извештај за освоено прво, второ или трето место

3.    потврда за редовен студент/ученик

4.    Потврда (уплата на котизација) за учество на меѓународен натпревар

5.    Уверение за државјанство

Младите лица кои ги исполнуваат условите ќе бидат наградени со еднократен паричен надомест со висина од две просечни нето плати исплатени по работник во Република Македонија во последните два месеци пред доделување на наградата (објавен просек од страна на Државен Завод за статистика на Република Македонија).

Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите, млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои ги исполнуваат условите, а освоиле награда во текот на 2019 година, да ја достават потребната документација до :

Агенција за млади и спорт, Сeктор млади

Ул. Македонија 38, 1000 Скопје(Палата „Панко Брашнаров“)

Со назнака „Млади талентирани лица “или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

Јавниот повик ќе трае до искористување на средствата предвидени за оваа намена за 2019 година.

НАПОМЕНА:

ПОВИКОТ ОБЈАВЕН ЗА 2019 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ЦЕЛА ГОДИНА (ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ДОСТАВУВААТ ДОКУМЕНТИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛА ГОДИНА).

На Јавниот повик не може да остварат право млади лица кои освоиле резултати на меѓународни и државни натпревари во областа на спортот.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter