Како можете да аплицирате?

·         Креирајте тим во рамки на училиштето, составен од 10 ученици кои ќе се јават како спроведувачи на иницијативата и еден наставник кој ќе има улога на капитен на тимот;

·         Детектирајте проблем во заедницата кој сакате да го надминете со вашата иницијатива користејќи ги знаењата и вештините кои ги имате стекнато;

·         Поставете цели и осмислете активности кои сакате да го спроведете, а со кои би се надминал детектираниот проблем;

·         Сево ова опишете го во апликациската форма која можете да ја најдете на следниов линк.

 

Трите училишта кои ќе бидат избрани ќе учествуваат во проектот преку:

·         Учество на обука за за капитени на тимови;

·         Учество на обука за лидери на тимови;

·         Учество на обука за промоција и видливост на иницијативата;

·         Учество на настан за собирање средства од бизнис заедницата за помош при имплементација на иницијативата;

·         Спроведување на иницијатива во период од 4 месеци;

·         Учество во натпревар за најдобро спроведена иницијатива.

 

Пристигнатите апликации ќе бидат оценувани од 5 члена комисија на база на следните 3 критериуми:

·         Релевантност и важност на детектираниот проблем

·         Иновативност и креативност во пристапот за решавање на проблемот

·         Изводливост на иницијативата

НАПОМЕНА: Едно училиште може да учествува на повикот со еден тим, односно со една апликација поддржана од училишното раководство.

Во процесот на имплементација на иницијативите, на секој од тимовите ќе му биде доделен ментор, искусен младински работник, кој ќе нуди помош и поддршка во целиот процес.

Што претставува концептот на учење преку придонес кон заедницата (Service Learning)?

Концептот на учење преку придонес кон заедницата (Service Learning) е засновано на искуствено учење, односно учење преку работа. Овој концепт се темели на две основи:

1)    Целта на овој концепт е да им се даде можност на учениците да учат во процес во кој главна мотивација е придонес кон заедницата;

2)    Учењето се одвива на два начина – учениците учат во текот на спроведување на активностите и учење преку рефлекција на она што се случувало за време на активностите и од самите резултати кои ги постигнале;

3)    Подразбира соработка помеѓу учениците и наставниците во сите фази, односно во планирањето на иницијативата, во спроведувањето на иницијативата и во процесот на рефлекција на наученото.

Кои се придобивките од учество во проектот?

Придобивки за учениците:

·         Личен развој

·         Стекнување вештини

·         Развој на свесност за средината во која живеат

·         Зајакнување на личната и општествена одговорност

·         Професионален развој

Придобивки за училиштата:

·         Поттик на развојот на учениците

·         Развој на капацитетите на наставниот кадар да за менторство на ученици и за спроведување на вон-наставни активности

·         Зајакнување на имиџот на училиштето

·         Јакнење на општествената одговорност на училиштето

·         Стекнување со програма за вклучување на учениците во општествено корисни активности

·         Награда за училиштето кое ќе победи на натпреварот за најдобра иницијатива

Проектот „Вклучи се за промена!“ се спроведува од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter