КОНКУРС

за доделување стипендии за ученици во Спортската академија за учебната 2018/2019 година.

Министерството за образование и наука за учебната 2018/2019 година ќе додели стипендии за учениците запишани во Спортската академија во Република Македонија.

  I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во Спортската академија во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици во Спортската академија (од II, III и/илиIV година)

2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајотна учебната година;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат барање поставено на следниот линк, почнувајќи од 25.10.2018 година до 07.11.2018година.

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 03.12.2018 година на интернет порталот http://mon.gov.mk и во Спортската академија.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавиле електронски потребно е да ги достават следните докименти:

-        Барање

-        Испечатена електронска пријава со идентификационен број

-        Потврда дека е редовен ученик во учебната 2018/2019 година издадена од Спортската академија

-        Заверени на нотарфотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;

-        Изјава потпишана од родител/старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија

-        Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи.

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 25.10.2018 година до 07.11.2018 година, од 09.00-15.00 часот, ги доставуваат документите утврдени во глава IIIод конкурсот.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-        некомплетна и/или

-        ненавремено доставена.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските.

Потребни Документи:

Барање - Спортска Академија.pdf

Изјава од родител дека не е корисник на друга стипендија.pdf

Изјава за користење на лични податоци.pdf

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter