Во текот на изведбата на праксата, практикантот ќе има можност:

-        Да се запознае со платформата за деловни информации – БизнисМрежа.мк (www.biznismreza.mk);

-        Да ги развие своите комуникациски способности преку воспоставување на контакти со потенцијални клиенти;

-        Да стекне работно искуство.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

-        Да се студенти или веќе дипломирани без оглед на факултетот од кој доаѓаат;

-        Комуникативност;

-        Позитивност;

-        Љубезен однос со потенцијални клиенти;

-        Да можат да ја извршуваат праксата од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.

Праксата ќе започне во месец ноември со времетраење од 1 (еден) до 3 (три) месеци, со можност за нејзино продолжување како и вработување на практикантот во секторот за продажба во зависност од покажаните резултати.

Избраниот кандидат ќе добие однапред утврден месечен надомест за спроведената пракса.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија, со назив “ПРАКСА” на следнава е-пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 03.11.2018 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter