Управниот одбор на Младите можат брои 3 или 5 членови.

Управниот одбор ги има следните права, обврски и одговорности:

-        се грижи да се спроведат статутарните задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието;

-        го избира Извршниот директор и членовите на Извршната канцеларија по претходно објавен јавен повик;

-        ја одобрува Годишната програма предложена од Извршниот директор и Извршната канцеларија;

-        разработува и предлага стратешки насоки за развој на организацијата до Извршниот директор и Извршната канцеларија;

-        разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката за подготовка на проектни и други ангажмани;

-        го разгледува Годишниот извештај за работата на Младите можат и дава свое мислење пред да биде достапен до јавноста;

-        предлага измени и дополнувања на Статутот;

-        усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со Младите можат;

-        донесува правилници за внатрешно работење, верификува спогодби со други организации, меморандуми за разбирање и пристапување кон сојузи на организации;

-        право да свика седница на Собранието по барање на 1/3 од вкупниот број членови на Собранието на Младите можат;

-        одлучува за финансиското раководење на организацијата во консултација со Извршниот директор;

-        одобрува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;

-        врши евалуација на работата на Извршниот директор и Извршната канцеларија најмалку два пати годишно;

-        одобрува избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на Младите можат;

-        ја следи транспарентноста и демократското функционирање на Младите можат;

Кандидатите за оваа позиција потребно е да ги исполнуваат следните услови:

-        Минимум двегодишно искуство во младинска организација

-        Минимумдвегодишно искуство во планирање, подготвување и спроведување на младински проекти и имплементирање на акции;

-        Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;

-        Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;

-        Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;

-        Комуникациски вештини и вештини за лобирање;

-        Способност за работа во тим.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат:

-        Кратка биографија

-        Мотивациско писмо

-        Пополнет апликациски формулар – Апликација за член на УО на ММ

Мандатот на членовите на Управниот Одбор е 2 години со право на реизбор.

Уредно пополнетите документи кандидатите да ги достават до This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  најдоцна до 15.11.2018 (23.59) со наслов “Апликација за член на Управен Одбор”.

*НАПОМЕНА: Функцијата Член на Управен Одбор е на волонтерска основа.

КАМПАЊА „365 РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА МЛАДИ“

Newsletter