Проектот ќе придонесе за професионалниот развој на група младински работници преку образование и/или обука во Македонија, Естонија и Обединетото Кралство преку нивно вклучување во обука и практично работно искуство во сите од горе-наведените нации, како и преку развивање на офлајн и онлајн алатки кои понатаму ќе може да ги применуваат во својата идна работа на ова поле. Една од главните цели на соработката е развојот на акредитацијата и признавањето на професионалната младинска работа во Велика Британија, Естонија и Македонија, како и во Европа, па дури и во глобален контекст.
Младинските центри во Талин или пошироко, во цела Естонија, се втор дом на млади лица на возраст од 7-26 год. Тука, младите луѓе имаат можност да го поминат своето слободно време во добро друштво и да учествуваат во локални и меѓународни проекти.
Младинските центри нудат многу можности за надоградување, помагаат при поттикнување на волонтерство, тимска работа и здобивање со искуство преку организирање на настани, развивање на комуникациски вештини и вмрежување со други организации и младински работници.
ЗАДАЧИ ОД ПРОЕКТОТ:
– тестирање на нови пристапи на младинска работа
– споделување, спроведување и ре-евалуација на теоретска пракса;
– креирање и прикачување на содржина на едукативната програма (2.5 часа неделно најмалку работа на платформата) како што се онјалн курсеви, видеа, статии, итн. врз основа на искуства и учење преку прецизно изведени експериментални имплементации на нови алатки за онлајн едукативната платформа;
– придонесување кон филмот преку креирање на 3-4 минутно видео секоја недела, врз основа на нивните активности и искуства;
– вклучување во степен на самоевалуација и рефлексија преку снимање на индивидуални видеа и креирање на онлајн статии;
– осигурување на успешна дисеминација на резултатите помеѓу чинителите (преку подготвување на статии и делови од прирачникот).
ПРОФИЛ НА КАНДИДАТИ:
- 18+
- младински работници
- посветеност на работа со млади
- флексибилност
- желба за тестирање на нови методи при работа со млади
Овој проект е финансиран од страна на Еразмус + програмата.
Сите трошоци (сместување, комуналии, локален превоз, материјали) ќе бидат покриени.
Патните трошоци ќе бидат покриени согласно со на правилата на Еразмус + програмата.
Младинскиот работник ќе добие месечен џепарлак од 600 евра од страна на организацијата-домаќин.
За аплицирање, испратете го вашето CV, мотивациско писмо со назнака за Мобилност на младински работиници во Естонија на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .
Проектни датуми: 01.02.2019 – 30.11.2019 (10 месеци)
Место: Талин, Естонија
Рок за аплицирање: ИТНО!
Повеќе информации на следниот линк.